Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Маркус Рус ќе го ризикува својот живот во бараж двомечот со Нирнберг за опстанокот во најсилната германска Бундес лига.
На капитенот на екипата дијагностициран му е тумор после редовните допинг контроли пред одлучувачките мечеви во Германија.
Откако докторите му ја соопштиле неубавата вест, тој рекол оти прво ќе ги одигра мечевите со Нирнберг, а потоа ќе замине на рехабилитација.
Со овој потег Рус ги крена навивачите на Ајнтрахт на нозе и сигурно ќе имаат голема помош во мечевите кои живот ќе значат за клубот и за фудбалерот.
Првиот меч се игра вечерва додека реваншот во понеделник на 23 мај.
OhridNews