Некогаш најголемата македонска
спортска гордост ракометниот клуб Ѓорче Петров престана да постои. На
последниот состанок на управата на Ѓ. Петров е одлучено екипата да не се
натпреварува во наредната сезона и официјално клубот згаснува!

(Кометал) Ѓ. Петров удолницата ја фати откако спонзорот Трифун Костовски
од низа причини реши да се повлече од ракометот. Екипата успеа да
одработи неколку сезони во кои постојано тонеше и не успеваше да најде
начин за спонзорирање.

Ѓорче Петров го постигна најголемиот
успех на еден македонски клуб, со освојувањето на титулата европски
шампион во 2002 година и вицешампионските титули во 2000 и во 2005
година. Во шампионската 2002 година, РК „Ѓорче Петров“ го освои и
европскиот Суперкуп.

Ohridnews