Спротивно од најавите , повторно со поддршка на локалната , но со тим составен од oхриѓани кои изникнаа во клубот, суперлигашки ракомет во Охрид ќе се игра и оваа пролет. За финансиската конструкција ќе се преговара следната недела. Во вториот дел од првенството Р.К. “Климент Охридски“ ќе биде без играчот и тренер Горан Андоноски.

Ракометот во Охрид е на најниски гранки во својата историја. Последниве 10-15 години ракометниот клуб во неколку наврати беше на раб на пропаст, но секогаш од бездната беше ваден во последен момент.

Деновиве историјата се повторува. Р.К. „Климент Охридски“ кој речиси беше отпишан од сите, со иницијатива на градските власти и со ракометните ентузијасти који работат под палка на тренерот Панде Христоски пак ќе биде спасуван – во пет до дванаесет.

Со потенцијалните спонзори кои би го помогнале клубот ќе се преговара во текот на следната недела.  Експертот за односи со јавност при локалната самоуправа, Никола Манески, вели, дека целта на подршката која доаѓа од страна на градоначалникот е ракоматарите да добијат можност и во пролетва да бидат дел од суперлигашката конкуренција.Тој се надева дека во текот на следната недела ќе бидат надминати финансиските проблеми , со што ќе биде формирана финансиска конструкција со која клубот непречено ќе се натпреварува.

Натпреварите во есенскиот дел од Суперлигашката конкуренција охриѓани ги завршија на последното место со скор од три победи еден нерешен резултат и единаесет порази.

Со ваквиот развој на настаните повеќе од јасно е дека доколку го изборат опстанокот тоа би бил подвиг рамен на оној кога се пласираа во најсилната конкуренција. Во пролетниот дел “Климент Охридски“ ќе  продолжи со млади играчи сите од својата школа, без  засилувања и без тренерот – играч Горан Андоноски кој неодамна поднесе неотповиклива оставка.

Претставникот на клубот, Ѓоко Апостолов, меѓу другото во оваа полусезона се надева на соработка со  училиштата со што би се створиле услови ракометот во Охрид непречено да егзистира на подолги патеки. 

Вечерва (19:00ч.) Р.К. „Климент Охридски“ пролетниот дел од сезоната ќе го отвори против „Младост“  во С.С. „Билјанини Извори“ – Охрид.

Н.Цветанов

С. Костоски