Ракометниот клуб Металург ги потврди сериозните планови за следната сезона, ангажирајќи ги браќата близнаци Оливие и Кевин Ниокас од Франција.

Оливие и Кевин во „Автокоманда“ треба да донесат огромен квалитет, со оглед на искуството, кое го имаат играјќи во разни клубови во Европа. Браќата близнаци следниов период треба да дојдат во Скопје и да ја официјализираат соработката со „металурзите“.

Најавите за нешто возбудливо и големо, Металург ги лансираше со задржувањето на тренерот Иван Маркоски и најдобриот ракометар во екипата, Златко Хорват. Најмалку уште една сезона ќе остана Василије Калуѓеровиќ, а допрва ќе се преговара со останатите ракометари.

Металург е во активна борба за топ 4 во плејофот од Супер лигата.

OhridNews