Ракометниот клуб Металург на својата веб страна изрази жалење на одлуката на раководството на Сеха лигата, поради згуснатиот распоред на натпревари, како и на одбиеното барање за одложување на мечот против Загреб во недела.

Поради важноста на средбите од Лига на шампиони, побаравме да се одложи нашата средба со Загреб во Вараждин и бевме експресно одбиени. Моравме да одиграме две заостанати средби со Босна, а мораме да ги одиграме и средбите со Загреб (11 март) и Извиѓач (13 март). Четири средби пред оние вистинските, со Загреб во Лига на шампиони – велат од клубот.
Од друга страна хрватскиот првак од оправдани причини го одложи мечот со Вардар про Загреб. 
За да биде се во ред и се регуларно, оваа средба мора да се одигра во текот на оваа недела а не таму некаде во иднина. А токму такви сигнали доаѓаат до нас. Не е во ред од некакви причини да се поштеди Загреб и да му се даде одмор пред нашите пресудни средби во Лига на шампиони. Или сепак зборуваме за два аршина ? – прашуваат од таборот на македонскиот правак.
Хрватскиот стратег на клупата на Металруг, Лино Червар за мечот со Загреб во Вараждин не поведе шестмина стандардни ракометари. Наумче Мојсоски, голманот Дарко Станиќ, Жарко Марковиќ, Миладин Козлина, Аце Јоновски и Милан Левов ќе ги нема на паркетот во Вараждин.
Ohridnews