Мечот против струмички Зомимак беше најпосетениот ракометен меч сезонава. Охриѓани токму на тој меч го забележаа првиот пораз сезонава на домашен терен.

Од клубот кој по неколку години го возобнови ракометот искажаа благодарност за подршката од навивачите и охриѓани кои дојдоа да ги бодрат на мечот.

“РК Охрид 2011 сака да и се заблагодари на целата публика  која го бодреше клубот на мечот со Зомимак. Навичката група “рибари“ не бодреа во секој момент и искрено многу ни е жал што не успеавме да им возвратиме со победа. – велат од РК Охрид 2011.

“ Ако во Охрид до пред една година немаше никакви ракометни случувања, денес можеме да кажеме дека во Охрид има најмногу гледачи на ракометните натпревари отколку било каде во Македонија. Вашата поддршка ни дава подолнителна мотивација да продолжиме со нашите активности, успешно да ја завршиме оваа сезона и посериозно да се подготвиме за следната. Се надева дека ќе ја оправдаме вашата поддршка и дека во иднина ќе се радуваме на многу повеќе успеси“.

Ohridnews