Ракометниот клуб Охрид, ќе ја искористи опцијата и ќе аплицира до Европската ракометна куќа (ЕХФ) за вајлд карта за учество во квалификациите за пласман во Лигата на Европа.

После консултација со Ракометната федерација на Македонија одлучивме да аплицираме за специјалната покана за учество во Лигата на Европа. Како клуб секогаш целиме да се движиме напред и во таа насока ќе биде секој наш следен чекор. Се надеваме на позитивен одговор и ракомет со европски шмек во Охрид. – рекоа од клубот.

„Гладијаторите“ во прекинатата сезона извисија и не добија место во Европа. Охридските ракометари на една рунда од крајот на регуларниот дел од сезоната беа на второтата позиција, но тоа не беше земено во предвид во распределувањето на билетите за Европа бидејќи сезоната беше поништена.

Сигурни учесници во европските натпреварувања се Вардар кој ќе игра во Лигата на Шампиони. Битолски Еурофарм Пелистер доби место во Лигата на Европа но ќе аплицира за специјална покана за ЛШ, а Металург и Бутел ќе играат во квалификациите во ЛЕ.

Мх.П.