Младинците од ракометниот клуб Охрид и ракометарките од Лихнид заедно три дена ќе престојуваат во Белград, Србија каде ќе учествуваат на меѓународен турнир. 


На гостувањето во Србија машката и женската ракометна експедиција ќе одиграат неколку натпревари, но поголем акцент ќе се стави на дружењето.


– Ова ќе биде добро искуство за ракометарите и ракометарките. Ваквите патувања се секогаш добре дојдени бидејќи се крева атмосферата во екипата. Ќе практикуваме повеќе вакви патувања во иднина, а ќе чекаме и ние екипи да ни дојдат на гости во Охрид. – коментираа од двата клуба. 

Женскиот ракометен клуб Лихнид попатно во Лебане ќе добие признание од тимот на Радан за соработката која трае веќе три години.

Мх.П.