Ракометниот клуб Охрид 2011, побара до СВР Охрид, да се превземат мерки за поголема безбедност во пресрет на дерби мечот в недела против струмички Зомимак.

Во дописот се вели : “Сакаме да ве исвестиме дека на ден 22.04.2012  во недела со почеток во 19:00 часот, во СРЦ „Билјанини Извори“ РК Охрид 2011 на домашен терен ќе ја пречека екипата на РК Зомимак од  Струмица. Гостите имаат најавено дека ќе донесат  два автобуси навивачи од навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, кои според некои пишувања на социјалните мрежи може да добијат поддршка од навивачката група „Паткари“ од Струга.“

Охриѓани ги коментираа и последните случувања на “езерското“ дерби и бараат доследно почитување  и применување на законите за сите спортски субјекти.

“На последното гостување кое го имаше РК Охрид 2011 во Струга на кое присуствуваа и „Рибари“ од Охрид на почетокот на второто полувреме „Паткари“ влегоа на теренот се до спротивната трибина  за физички да се пресметаат со нашите навивачи. И покрај тоа што имаше припадници на МВР навивачката група „Паткари“ го прекрши законот за спорт и спортски манифестации со палење на пиротехички средства внатре во салата. На крај при напуштањето на спорскиот објект „Паткари“ со камења и бекатон ги нападнаа не само „Рибари“ туку и другите навивачи од Охрид. Не можеме а да не ве  прашаме, дали важат истите закони за Охриѓани и за Стружани или не? За оваа ситуација подготвуваме дополнителни дописи и информации до СВР Струга, СВР Охрид, РФМ, ЕХФ, ИХФ.“ -велат од охридскиот клуб.

Ohridnews