Паузата во домашното првенство охридските ракометари ја користат максимално, “тактички“ да се потковаат следејќи ги натпреварите од Европскиот ракометен шампионат. Борбеноста е она што ја краси македонската селекција, која денес против Германија ќе го одигра мечот на деценијата.

– Oчекуваме пожртвувана игра и висок пласман на Македонската ракометна репрезентација на Европското првенство. Точно Германија е фаворит, но големото македонско срце очекуваме да извојува победа против моќната Германија – велат од РК Охрид.

Натпреварот Македонија – Германија се игра со почеток во 18.15 минути.

Orhidnews