Мечот в недела против Зомимак е еден од клучните за обезбедување на втората позиција на прволигашката табела. Ракометниот клуб Охрид, ги повикува сите навивачи да дојдат во спортската арена и да заеднички да се прослави новиот триумф.


– Ги повикуваме сите навивачи и љубители на ракометот во недела во спортската арена “Билјанини Извори“ на мечот против Струмица. Сега ни сте најпотребни од кога било. Секој еден во публика ни е од огромна помош. Ајде во недела цела сала да е полна и заеднички да ја поразиме Струмица. Огромна благодарност до охридските “рибари“ за незапаметената подршка на мечот со Струга. Ние останавме должни и посакуваме заеднички со победа да се радуваме на мечот со Струмица – велат од РК Охрид.


Мечот се игра в недела од 19 часот.

Одреден терминот за ракометното дерби

М.П.