Ракометниот клуб Охрид трета година по ред ќе биде дел од ракометната елита во Македонија, откако со победата над Борец 33-22 (16-9) и математички обезбеди пласман во плејофот.

„Гладијаторите“ комплетно ја оправдаа фаворитска улога и на дело го покажаа сиот квалитет на дуелот со Борец. Гостите имаа едно водство и три пати стигнаа до егал на стартот од мечот, а потоа на сцена стапија домашните ракометари кои со серија 6-0 стигнаа до 11-5 и го решија прашањето околу победникот. Водството до финишот на првиот дел достигна до седум голови (16-9).

Во второто полувреме охриѓани продолжија со ефикасната игра, но дозволија да се разиграат и гостите кои на некои моменти успеаја да намалат негативата. Сепак, на крајот „гладијаторите“ ги поклопија коцките и дојдоа до триуфм со двоцифрена предност на семафорот.

Победата на Охрид која ја означи пласман во плејофот ја зачинија ракометарите младинската школа предводена од Наум Бабачев. Николче Ристески постигна три голови, Наум Костов и Мартин Иваноски по два, Даниел Андоновски еден, а Кристијан Димитрески ја плени публиката со играта во одбрана.

Во претпоследна рунда од регуларниот дел од Суепр лигата, „гладијаторите“ гостуваат кај Прилеп.

OhridNews