Од РКЕ објаснуваат дека конечната одлука ќе биде донесена најверојатно утре, откако ќе се разгледаат забелешките на енергетските компании, но нагласи дека не би требало да дојде до позначителна промена на предложеното намалување.
Како главна причина за поевтинувањето на цената на струјата се посочуваат корекционите фактори во однос на определувањето на актуелната цена, односно било утврдено дека компаниите оствариле повеќе приходи во споредба со првично планираното.
Од РКЕ информираат дека предложената одлука за поевтинувањето на цената на струјата не наишла на потполно одобрување од сите енергетски компании, кои не се согласуваат со делот на утврдувањето на нивните оперативни трошоци.
Makfaks