Имаме предност од 5 гола од првиот натпревар, но тоа е опасен резултат во модерниот ракомет. Ништо не е готово, претстои реванш во кој влегуваме со четворица повредени играчи и затоа не треба да не залажува победата остварена на гостински терен, предупредува стручниот штаб на ГРК Охрид пред реванш натпреварот со Олимпијакос што се игра утре вечер (сабота) во 18 часот во салата „Билјанини извори“.
Ни треба голема поддршка од публиката да оствариме пласман во полуфиналето од ЕХФ Европскиот Куп, истакнаа денеска на прес конференција тренерот Борис Ројевиќ и капитенот Гоце Ојлески.
Прес на Ројевиќ и Ојлески пред реваншот со Олимпијакос
Г.М.













