Денес е првиот меч во полуфиналето, среќни сме што дојдовме меѓу четирите најдобри екипи. Играме против можам да речам најталентираната екипа во Европа која има постигнато одлични резултати, го освоија Купот во Словенија. Не чека полна сала, одличен амбиент, вели тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ пред денешниот натпревар со Целје во Словенија.

Имаме ние свои адути, покажавме многу пати оваа година дека играме најдобра одбрана на Балканот и се надевам дека со луѓето кои дојдоа од Македонија да не поддржат ќе бидеме задоволни и ќе се радуваме на крај на натпреварот. Но, што и да случи мислам дека во Охрид ќе се одлучува бидејќи двомечот се игра 120 минути и мораме да сме концентрирани, секој гол, секоја топка е денес многу важна, потенцира Ројевиќ.

OhridNews