Свесни сме сите дека не чека еден голем предизвик, тоа е екипата на Вардар кои се фаворити на натпреварот, посебно што играат во Скопје, вели тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ пред саботниот меч.

Но, одиме без став да ги покажеме нашите квалитети и веруваме дека можеме да му пружиме достоен отпор на Варадар. Стартот ни е добар со 3 бода во првите две кола, уште подобар би бил со 4 бода. Сакаме до европските натпревари да собереме што повеќе бодови, а со самото тоа и да ја подигнеме самодовербата на самата екипа. Имаме големи амбиции за Евроспкиот куп, посочува Ројевиќ.

Натпреварот ГРК Охрид-РК Вардар се игра од 18 часот во салата „Борис Трајковски“.

OhridNews