Холандскиот репрезентативец и член на минхенски Баерн, Арјен Робен поради повреда ќе отсуства месец и половина од терените.


Крилниот фудбалер се повреди на дуелот со Борусија Менхенгладбах, кој „баварците“ го загубија 2-0 пред своите гледачи.

Покрај мечевите на Холандија во квалификациите за ЕП во Франција, Робен ќе го пропушти двомечот со Порто во Лигата на Шампиони.

Сезонава, холандскиот интернационалец е најефикасен фудбалер на Баерн Минхен во Бундес лигата со 17 погодоци на 21 натпревар.

Мх.П.