Холандскиот репрезентативец Арјен Робен успеа да го засени дебито на италијанскиот стратег на клупата од Баерн Минхен, Карло Анчелоти завршувајќи го мечот предвреме поради повреда.
„Баварците“ со 4-3 го совладаа составот на Липштад, но никој не ни зборува ниту пишува за победата туку сите будно ја следат новонастаната ситуација со Робен.
Холанѓанецот во 16-та минута погоди за 2-0, а 15-ет минути подоцна го напушти мечот со раката на бутниот мускул и болна гримаси на лицето.
Во листата на стрелци освен несреќниот Робен се запишаа уште Џулијан Грин, Френк Рибери и Марвин Јосвиг кој сам си ја затресе мрежата.
OhridNews