Офанзивниот фудбалер Арјен Робен ќе паузира месец и половина по најновата повреда која ја доби на контролниот меч со Липштад.


Холанѓанецот во обид да претрча противнички фудбалер, застана и се пожали на болки во бутниот мускул. Веднаш ја напушти играта, а дополнителните прегледи покажаа истегнување на препоните.


Робен последниве две сезони нема среќа со повредите и има забележано само 36 натпревари во германската Бундес лига. „Баварците“ го добија натпреварот со 4-3, но попусто кога скапо ја платија победата.

Инаку, мечот со Липштад беше деби на новиот тренер на Баерн Минхен, Карло Анчелоти кој ќе мора да гради екипа без повредениот Робен.

OhridNews