Поранешниот бразилски репрезентативец, Роберто Карлос (41), го критикувал селекторот Луис Фелипе Сколари, по ремито на Бразил против Мексико (0-0) на СП.

„Бразил нема играч кој ќе ја превземе одговорноста да ја дистрибуира топката и кој ќе го води натпреварот, таков играч нема во тимот“, дополнил Роберто Карлос.
Еден од најдобрите бекови во историјата на фудбалот за бразилската репрезентација одиграл 125 натпревари, тој беше член на тимот кој во 2002 година, под водство на Сколари, ја освои светската титула.
„Макфакс“









