Италијанската фудбалска репрезентација во името на Роберто Манчини доби нов селектор и стави точка на голема неизвесност исполнета со безброј шпекулации.
Од многуте имиња кои се вртеа како потенцијални селектори одлуката паднала на Манчини поради искуството кое го поседува водејќи ги Лацио, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај и Зенит.
„Азурите“ со воодушевување го прифатија Манчини, откако тој се откажа од речиси 20 милиони евра кои ги заработуваше во рускиот клуб Зенит.
Сепак, Манчини ќе нема ниту малку лесна задача, бидејќи Италија извиси во баражот со Шведска и не успеа да обезбеди пласман на СП, а пласман на ЕП ќе мора да избори за враќање на самодовербата.
OhridNews