На Роби Вилиламс толку многу не му се допаднало како продуцентот работел на неговата нова песна, што дури и му се заканувал дека ќе го убие. Музичкиот продуцент Гај Чејмберс открил дека пејачот Роби Вилијамс неодамна го навредил, а потоа и го нападнал.
За време на снимањето на новата песна, Роби бил изнервиран од неговиот начин на работа, па го притиснал до ѕидот и му рекол дека ќе го убие. Чејмберс изјавил дека Роби почнал да му вика и му зборувал дека му се гади од него. Штом нешто му засметало, тој се претворал во вистински ѕвер.