Поранешниот менаџер на Ливерпул, Брендан Роџерс го претрка поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс за менаџерското столче во Селтик.
Роџерс со шкотскиот шампион потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на три во зависност од резултатите.
– Задоволен сум што во фудбалот се враќам на клупата од Селтик. „Детелините“ ги пратам од мали нозе и многу ми е мило што ќе бидам дел од историјата на овој клуб кој има фантастични навивачи. – рече Роџерс на промоцијата.
Роџерс на клупата од Селтик ќе заработува 1.7 милиони фунти годишно, а ако задоволи со резултатите новиот договор ќе биде побогат.
OhridNews