Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен погреши во петтата серија од пенал рулетот со Бешикташ што значеше крај на „евро“ авантура на Ливерпул. „Црвените“ на реванш мечот во Истанбул не успеаја да ја зачуваат минималната предност (1-0) од првиот натпревар.
– Разочарани сме што сме елиминирани на ваков начин, бидејќи створивме многу шанси во првиот дел. Бевме многу посветени на ова натпреварување, па затоа сме разочарани. Сега барем можеме да се сконцентрираме на натпреварите во Премиер лигата. – рече менаџерот на „црвените“, Брендан Роџерс.
Ливерпул заедно со Арсенал, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Саутемптон ќе води жестока битка за местата кои водат во Лигата на шампиони.
Мх.П.