Очевидци на настанот велат дека по тоа неколку ученици, во одбрана на средношколецот, го нападнале и почнале да го бркаат родителот кој успеал да се засолне во близина на дворот од училиштето од каде почнал со камења да фрла по учениците.
Набргу пристигнале полициски службеници кои го спречиле понатамошното нарушување на јавниот ред и мир.
Од СВР- Охрид информираат дека во охридската полициска станица на разговор биле повикани четири лица, а ќе следува и поднесување на соодветни пријави.
Директорот на„ Ванчо Питошески“ , Секула Баткоски, потенцира дека ќе бидат преземени соодветни мерки со цел случајот да се расчисти и во иднина ваквите инциденти да не се повторат.
Денешниот инцидент уште еднаш ја потврди потребата за зголемување на безбедноста во и околу образовните институции и ангажирањето на Агенции за обезбедување. Од страна на СВР- Охрид неодамна беше нагласено дека со поставување на видео надзор во училиштата, како и со присуството на вработените од агенциите за обезбедување,во голема мера ќе се придонесе кон намалување на прекршоците во овие установи.
Од локалната самоуправа веќе подолго време информираат дека постапката за ангажирање агенции за обезбедување е во тек, но не прецизираат кога таа ќе заврши и кога конечно ваквите агенции ќе бидат ангажирани.