Кафето надвор од дома во друштво на мали деца не е повеќе невозможна мисија. Хотелот „Ројал“ подготви „специјален терен“ за заедничко уживање на родителите и нивните деца. Имено хотелот отвори мини игротека – занимална за најмладите, кои сега безгрижно можат да се забавуваат пред очите на нивните родители кои, пак, можат на раат да го испијат својот пијалак или да уживаат во вкусна храна.

Покрај со игротеката, хотелот „Ројал“ ја збогати својата понуда и со детско мени со омилените специјалитети за најмладите.

OhridNews