Продолжува проектот „Мешани патроли“ во чии рамки полицијата и родителите заеднички ќе обиколат дел од охридските кафулиња.Вечерва со почеток во 22 часот , најнапред во големата сала на СВР ќе биде одржан состанок на кој ќе присуствуваат поканети родители и претставници од СВР- Охрид, по што ќе следи и најавената обиколка на кафулињата.
Проектот „Мешани патроли“ се спроведува со цел да се делува превентивно во спречување на девијантните појави кај малолетната популација.












