
– СМС услугата ќе се реализира преку трите мобилни оператори во земјата кои беа вклучени во тест-периодот. Се активира по желба на родителот којшто ги оставил основните податоци кај класниот раководител на паралелката каде што учи неговото дете, а кои се внесуваат во системот на електронскиот дневник. Оние родители кои досега не оставиле контакт телефон, можат да го сторат тоа во било кое време, додека, за родителите кои не сакаат да добиваат СМС пораки како неделен извештај, постои опција истите информации да ги добиваат на нивната електронска пошта, рече Ристовски.
Тој посочи дека предуслов за успешноста на понудената СМС услуга е наставниците редовно на неделна основа, согласно законската регулатива, да го ажурираат електронскиот дневник, од каде потоа се продуцира извештајот во форма на СМС порака. За таа цел ќе се вршат контроли во училиштата од страна надлежниот инспекторат.
За пријавување на евентуални проблеми во функционирањето на системот родителите ќе можат да се обратат во министерството, преку контакт телефон и мејл адреса кои ќе бидат наведени интернет страницата на министерството и исклучиво наменети за поддршка при користењето на оваа услуга.
OhridNews












