Дел од канделабрите во градот се без капаци кои ги заштитуваат електрични инсталации, поради што претставуваат потенцијална опасност, особено за децата. Вакви канделабри можат да се забележат и во градскиот парк, каде секојдневно се шетаат и рекреираат голем број деца. Родителите со апел до надлежните да преземат мерки и ги заштитат електричните инсталации за да не дојде до некој несакан инцидент.

И во минатото канделабрите беа честа мета на крадците кои ги земаа металните делови од канделабрите за да ги препродаваат како старо железо, по што поголемиот број од нив беа заменети со пластични, но и покрај тоа оштетувањата продолжија.

OhridNews