Во текот на изминатата ноќ уште еден инцидент во здравствена установа. Имено, роднини на починат пациент нападнале медицински лица во болницата „8-ми септември“ во Скопје, при што интервенирала и полицијата.
Попладнево, на прес конференција, директорот на Христијан Костов, информира дека дошло до вербален конфликт, а не физичка пресметка помеѓу роднините на починатото лице и персоналот и дека немало никаков протест од страна на персоналот.
По претходните инциденти и случаи на напади на вработените во повеќе болници во Скопје и Тетово, медицинските лица беа на протест, по што министерот за здравство најави и поголеми мерки на обезбедување на вработените.
OhridNews