Во октомври, според податоците од НУ Библиотека Григор Прличев Охрид, родени се следните роднокрајни автори: Блаже Тренески на 12.10.1931 во Врбјани, д-р Павле Митрески на 12.10.1932 во Вишни и академик Миле Миќуновиќ на 12.10.1951 во Кичево.
Проф. д-р Митрески лани по повод 60 години од творештвото промовираше три нови историски публикации.
Д-р Миле Миќуновиќ меѓу двата родендени објави четири книги а последната 112 книга беше објавена овој август и е со наслов: „Ден на државноста на Црна Гора во Скопје“, информираат од бибилиотеката.
Роднокрајниот автор, покојниот Блаже Тренески ќе остане забележан во меморијата на Охрид како творец на стихозбирки за деца и собирач на народното фолклорно творештво од Охрид и Дебрца.
OhridNews












