Колумбиецот Џејмс Родгригез иако не постигнува многу голови сепак се покажа како големо засилување за „кралскиот клуб“. Тој на „Ел класико“ брилираше асистирајќи до Карим Бензема за третиот погодок.
– Јас не сум роден стрелец како Кристијано Роналдо и не можете да очекувата 60 погодоци од мене. Иако не постигнувам многу голови јас сум многу задоволен како се адаптирав во екипата бидејќи мислев дека тешко ќе ми оди – рече Родригез.
Родригез, кој вниманието на себе го сврти со одличните настапи на Мундијалот во Бразил „кралевите“ ги засили од Монако за 73 милиони евра.
– Роналдо е фантастичен фудбалер и уште е подобар надвор од теренот. Многу го критикуваат поради неговиот однос, но тоа не е воопшто точно – додаде Родригез за неговиот соиграч.
Мх.П.