Најдобриот стрелец на СП во Бразил, колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез се наоѓа на чекор до трансфер во Реал Мадрид, пишува весникот АС. Според истиот извор Родригез ги договорил личните услови со Реал, а европскиот првак и Монако биле блиску до конечен договор околу трансферот.
Монако, првично за услугите на Родригез бараше 80 милиони евра, но Реал успеал да ја намали понудата на 70 милиони евра и уште еден фудбалер кој како дел од трансферот би се преселил во Кнежевството.
Родригез со ’кралскиот клуб’ треба да потпише петгодишен договор, за годишна плата од 7,5 милиони евра.