Многу работи во својата игра ќе треба да променат “панцирите“ во пресрет на за нив одлучувачкиот меч против Македонија. Пораз би им ја затворил вратата за пласман во главната рунда, тоа добро го знае Оливер Рогиш кој смета дека не може да одиграат два лоши меча во серија.


По првиот натпревар појасни се две работи, прво не може да играме повторно толку лошо како против чесите. Второ, свесни сме за грешките кои ги направивме – рече Рогиш.

Германија во Ниш, се очекува да ја пречека 4 илјадната македонска фаланга, која на крила ги носи македонските репрезентативци.

Лично за мене ќе биде огромно задоволство да играме пред 4000 илјади гледачи кои ќе навиваат против нас. Ќе биде позабавно ако ги замолчиме на крајот на последниот свиреж. Мора да ја искористиме атмосферата како мотив за победа, но мора да бидеме смирени.  Ова ќе биде тежок психолошки меч, во кој уште од стартот ќе мора да влеземе максимално концентрирани – истакна Рогиш.

Мечот Македонија – Германија во живо ќе го следат првите луѓе на Европската ракометна федерација (ЕХФ) претседателот Тор Лиан и генералниот секретар Михаел Видерер.

Ohridnews