Шпанецот Марк Роиг втора година во низа победи на Охридскиот атлетски Маратон, кој годинава го имаше јубилејното 25. издание.


Двократниот првак патеката долга 30 километри од Св Наум до Охрид ја претрча за 1:39,41 минути. Втор на целта пристигна унгарецот Томаш Ковач со време 1:40, 52 минути, додека место на подиумот обезбеди холанѓанецот Нилс Стрик, кој патеката ја претрча за 1: 42, 09 минути. – Беше тешко да се истрча оваа трка, поради големите угорнини и надолнини. После Пештани во вториот дел од трката, беше напорно да се издржи темпото, а во финишот бев многу блиску до соборување на рекородот. Лани за минута, годинава за 30 секунди бев пократок, в година нема каде да бега, – рече шпанецот Роиг по завршувањето на трката.

Роиг беше само 30 секунди по бавен од рекордот на Борислав Девиќ од СР Југославија, кој беше постигнат во 1993 година, а изнесува 1:39,13 минути.


Во женска конкуренција победи србинката Ана Суботиќ која постави нов рекорд на патеката. Таа делницата ја помина за 1:55, 23 минути што е за десетина минути подобро од досегашниот рекорд на Шаламанова постигнат во 2006 година. – Импресиниинирана сум од убавините на Охрид, овде доаѓам за прв пат и прекрасно е чувството на деби настапот да се сруши рекордот. За прв пат настапувам на должина поголема од полумаратон, првиот дел од трката го поминав многу полесно, додека потешкотии имав во финишот. До година сигурно ќе дојдам ако не` друго како турист – низ смеа рече Суботиќ.

Втора низ целта помина молдавката Светлана Шепелва со време 2:01,19 минути , додека бронзена беше Ида Ковач од Унгарија со време 2:03, 43 минути

Кај македонските маратонци најдобар беше Саздов Зоран од АК Брегалница кој трката ја заврши на седмото место.- Тешко беше да се истрча целата трка, јас не ги пратев првите си имав свое темпо кое го усоглаив со моите предиспозиции. На моето четврто учество го постигнав најдоброто остварување – рече 48 годишниот штипјанец кој беше еден од највозразните учесници на маратонот.


Наградите за најдобрите ги поделија покровителите на организацијата градоначалникот на Охрид, Александар Петрески и претседателот на Атлетската федерација на Македонија , Цветко Грозданов.

М.Постоловски