Денес на патеката од караулата кај Св.Наум до градското пристаниште во Охрид ќе се одржи јубилејното 25 издание на Охридскиот Атлески Маратон. На стартот кај Св Наум ќе појават над стотина учесници од земји ширум Европа. Трката ќе ја предводи минатогодшиниот победник шпанецот Марк Роиг, кој втора година по ред ќе се натпреварува во Охрид.



 – Чест ми е што сум во Охрид и ќе се обидам да го одбранам тронот освоен минатата година. Годинава сигруно тоа ќе биде потешко бидејќи конкуренцијата е многу посилна. За мене преставвува вистинско задоволство што ќе се натпреварувам во Охрид, каде природата е прекрасна – рече Роиг, и најави напад на рекордот на патеката, кој лани му “избега“ за само една минута.


На синоќешниот технички состанок , натпреварувачите беа запознати со трасата и патеката која треба да ја минат од Св Наум до Охрид.


Стартот на трката е во 10 часот, а првите натпреварувачи на целта кај хотелот “Ривиера“ се очекуваат околу 11:30 часот, прогласување на победници ќе биде од 14:30 до 15:00 часот.

М.Постоловски