Субрата Рој не откри колку ќе чини проектот. Како што рече, станува збор за комплексен и навистина голем проект во кој сигурно ќе бидат вложени неколку стотици милиони евра , а конечната цена и изглед ќе се знае откако проектот ќе биде завршен.
Индискиот милијардер истакна дека целна група на ресортот „Сахаријан Македонија“ ќе бидат туристи од Кина, Индија, Русија и Европа и дека покрај неговата компанија, економска придобивка ќе има и македонското стопанство.
Рој најави дека туристичкиот комплекс во Љубаништа ќе биде меѓу 10- те најубави во светот и дека ќе се рекламира глобално како планетарна туристичка дестинација.
Министерот Ставрески истакна дека е формиран државен експертски тим, составен од повеќе претставници на државни институции кои заедно со тимот на „Сахара Индија Паривар“ ќе работаат на сите прашања за реализација на проектот. Посебен акцент ќе биде ставен на заштитата на животната средина.
Ставрески уште исткана дека по финализирањето на проектот ќе биде направена проценка во врска со имотно- правните прашања на просторот каде е предвидена изградбата и дека сите сопственици на имоти ќе бидат обесштетени согласно позитивните законски прописи.
Субрата Рој потврди дека неговата компанија стана сопственик на хотелот „Славија Спектар“ кој ќе се користи за опслужување на екипите кои ќе работаат на проектот.
фото: Емилио