Најновите но не потврдени информации кажуваат дека екс техничиот директор на Ферари има намера да ја продолжи кариерата во Мерцедес.

Џејмс Алисон поради смртта на својата сопруга и одвоениот живот од своето семејство оваа година одлучи да го напушти Маранело и да се врати во Британија. Оттогаш почнаа гласовите дека веќе разговарал со неколку тимови, а еден од нив е и Мерцедес. Како потврда на ова е и дека Пади Лов од Мерцедес, сака да оди во Ферари.

Пади за кратко време завршува со договорот на Мерцедес, а на прашањето на новинарите дали сака да оди во Ферари, техничкиот директор на Мерцедес не сакаше да одговори. Дали следува размена на технички кадар помеѓу Ферари и Мерцедес, останува да видиме во иднина.

OhridNews