Извештајот на Европскиот парламент дава силна поддршка на евроинтегративниот пат на земјата и овој пат предвидува спроведување на реформи кои се поврзани со судството, борбата против корупцијата, меѓутоа овој извештај е поврзан и со ред други предизвици на коишто мислам дека треба сите да се фокусираме, рече амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, при денешната посета на Охрид.
Се разбира дека овој извештај беше позитивен во тој контекст. Што се однесува на прашањето поврзано со идентитетот и со јазикот, Европскиот парламент е независна институција која носи политички одлуки коишто се во согласност со внатрешните процедури на работа не Европскиот парламент. Но, тоа што е најважно е дека ниту идентитетот, ниту јазикот се дел од преговарачката рамка за оваа земја. Мислам дека најдобриот начин за да се заштитат и идентитетот и јазикот е земјата да стане земја членка на Европската Унија, потенцираше Рокас.
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска