На 20- ти јули истекува крајниот рок за пријавување на работодавачите кои се заинтересирани нивните вработени да се вклучат во проектот „Практиканство како поддршка за прво вработување на млади лица до 27 години“.

Проектот овозможува стекнување практични знаења и вештини во период од три месеци, односно во период од 3 октомври годинава до 31 јануари следната година. Секој селектиран практикант ќе потпише тримесечен договор за практиканство со Агенцијата за вработување и со работодавецот, во кој се содржани деталните услови, права и обврски. Работодавецот треба да номинира ментор, кој ќе му дава соодветни насоки на практикантот и ќе информира за неговата редовност за време на практичната работа. Трошоците за месечниот надомест за практиканството во износ од 4000 денари, како и осигурувањето во случај на несреќа при работа за секој практикант ќе бидат покриени од страна на проектот, додека персоналниот данок на доход ќе биде покриен од Агенцијата за вработување.
 
Работодавачите кои сакаат да се вклучат во оваа компонента од проектот треба да е правно лице и да не е државна или јавна институција, да има најмалку две вработени лица, да ги има подмирено сите даночни обврски, како и придонесите за социјално осигурување за своите вработени за 2010 година.

Проектот, во кој може да бидат ангажирани 512 лица, е финансиран од ЕУ, во рамки на Оперативната програма за „Развој на човечки ресурси 2007-2013“ .

OhridNews