Рокот за доставување на мислења по Нацрт на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот регион продолжен до 30-ти ноември, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ве известуваме дека рокот за доставување на Вашите мислења, предлози и забелешки по Нацрт верзијата на Стратегискиот план се продолжува до 30.11.2022 година и истиот е заклучно со 30.11.2022 година. Нацрт верзијата на Стратегискиот план е објавена на веб страницата на МЖСПП (25 октомври) и е достапна на следниот линк: https://bit.ly/3A9bk4M, велат од Министерството.
Додаваат дека забелешките, мислењата и предлози во однос на документот може да се достават на [email protected] и [email protected] заклучно со 30.11.2022 година или по пошта на адреса на Министерството „Плоштад Пресвета Богородица“ бр.3 Скопје.
OhridNews