Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, од УЈП ги информираат даночните обврзници и сметководители дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува.
Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата се продолжува за два работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 29.10.2018 година.
OhridNews