Рокот за поднесување листи на кандидати за градоначалници, односно членови на советот за престојните локални избори,  завршува утре на полноќ .

Овие листи, овластените претставници на предлагачите треба да ги достават до Општинските изборни комисии, најдоцна до утревечер. Но сепак, постои можност овој рок да биде пролонгиран, доколку опозицијата и владеачките партии постигнат соодветен договор.

До сега, пријавени се 23 независни кандидати за градоначалник на централно ниво, додека потписи се собрани за 95 независни советнички листи, меѓу кои 7 во Охрид. Тое се листите на  Маргарита Георгиева- Шурбан, Зоран Стевоски, Александар Станковски, Кујтим Усеини, Борис Вељановски, Павле Поповски и Љупчо Настоски.

Инаку, локалните избори во земјава се закажни за 24-ти март,  а опозицијата бара нивно одложување.

OhridNews