Агонијата со голманската позиција на Јирген Клоп на клупата од Ливерпул конечно ќе заврши, откако италијанскиот калчолигаш Рома ја прифати понудата за бразилскиот голман Алисон Бекер.

„Црвените“ од Енфилд за 25-годишниот чувар на мрежата на „волчицата“ ќе и исплатат скоро 67 милиони фунти и ќе го направат најплатен голман во историјата на фудбалот.

Ливерпул за кратко време срушува уште еден трансфер рекорд, бидејќи во зимскиот преоден рок го купија дефанзивецот Вирџил ван Дајк за рекордни 75 милиони фунти од Саутемптон.

Со ангажманот на Алисон Бекер веројатно трагичарот Лорис Кариус ќе се пресели на клупата, а вториот голман Симон Мињолет ќе замине од клубот.

Во трката за потписот на Бразилецот учествуваше и Челси кој ќе остане без Тибо Куртоа кој реши да се пресели во Реал Мадрид.

OhridNews