Италијанскиот калчолигаш Рома експресно ја реши голманската дилема доведувајќи го шведскиот репрезентативец Робин Олсон. 28-годишниот чувар на мрежата во Рома се сели од Копенхаген, каде бренеше две сезони.
За потсетување, позицијата голман во Рома остана без прв избор, откако за рекордни 67 милиони фунти го продадоа Алисон Бекер во Ливерпул.
Олсон погледите кон себе ги привлече со добрите партии на Мундијалот во Русија. Со него на голот швеѓаните стигнаа до 1/4 финалето. Неприминлива пречка беше англиската селекција.
Иначе, Рома е една од најактивните екипи на трансфер пазарот во Серија А и веќе има доведено шест фудбалери, кои, немаат повеќе од 25 години.
OhridNews