Екипата на Рома ги комплетираше најдобрите осум во Купот на Италија совладувајќи го тимот на Виртус Ентела со 4-0 пред своите гледачи на Олимпико.

„Волчицата“ која во првата полусезона играше во променлива форма не дозволи многу неизвезност во средбата со нисколигашот. Со по два голови во двете полувремиња осигураа триумф и пласман во ТОП 8.

Таму ги очекува Фиорентина, а во останатите средби ќе се сретнат Милан – Наполи, Лацио – Интер односно Јувентус – Аталанта.

Во 1/4 финалето се игра еден натпревар, а мечевите се закажани за 30 јануари.

Резултати: Рома – Виртус Ентела 4-0, Каљари – Аталанта 0-2

Двојки: 

Милан – Наполи

Лацио – Интер

Фиорентина – Рома

Јувентус – Аталанта

OhridNews