Италијанскиот калчолигаш Рома официјално го презентираше Португалецот Паоло Фонсека за нов тренер на екипата. Стручњакот во Рома ќе се пресели од украинскиот клуб Шахјтор Доњецк каде три сезони беше шеф на стручниот штаб.

  • Многу сум среќен што станав тренер на Рома. Сакам да и се заблагодарам на управата за шансата која ми ја додели. Мотивиран сум многу и се надевавм дека нема да разочарам и Рома ќе биде екипа за пример. Со нетрпение чекам да се сретнам со играчите да им ги презентирам плановите и заедно со навивачите да креираме една успешна приказна. – изјави Фонсека.

Минатата сезона тимот на Рома смена двајца тренери. Сезоната ја почна Еузебио ди Франческо а ја заврши Клаудио Раниери кој потоа замина. Сезоната која доаѓа Рома ќе се натпреварува во Лигата на Европа, откако заврши на шестата позиција на табелата во Серија А.

OhridNews