Екипата на Рома со минимални 1-0 го совлада тимот на Наполи во дербито и го промовираше Јувентус во старо-нов првак во италијанската Серија А.
„Старата дама“ на три кола од крајот на првенството има 12 бодови што и математички е обезбедена петтата титула во низа со која стигна до вкупно 34-та шампионска круна што е апсолутен рекорд во Калчолигата.
Сите дилеми околу шампионскиот расплет ги разреши „волчицата“ која со голот на Раџа Нанголан во 89-та минута го реши Наполи во дербито за втората позиција на табелата.
До крајот на сезонава неизвеност во Серија А ќе има околу екипите за опстанок и местата кои носат во европските натпреварувања.
OhridNews