Италијанските калчолигаши Рома и Интер склучија договор за размена на фудбалери по завршувањето на сезонава.


Во правец на Олимпико ќе замине Марсело Брозовиќ, а на Џузепе Меаца ќе остане Адем Љајиќ кој моментално настапува за Интер како позајмен фудбалер од Рома.

„Волчицата“ на Интер ќе му го прости долгот од 7 милиони евра за услугите на српскиот репрезентативец Љајиќ сезонава и трансферот на Бразилецот, Додо неодамна.

Како што пренесува „Кориере дело Спорт“, Брозовиќ немал против заминување од Интер кој пак, би се ослободил од долгот кон римскиот клуб.

OhridNews