Римската „волчица“ се одлепи на втората позиција на табелата во Серија А, откако на гостувањето кај Пескара во последниот меч од 33-та рунда славеше со 4-1.
„Џалоросите“ блеснаа од 44-та до 60-та минута кога четири пати ја постигнаа мрежата на домаќините. Гол серијата ја најави Кевин Стротман во 44-та, а само минута подоцна ја продолжи Раџа Нанголан. После еден час игра „волчицата“ имаше предност 4-0 по двата голови на Мухамед Салах. Почесниот погодок за домаќините беше дело на Ахмад Бенали во финишот од мечот.
Со триумфот фудбалерите на Рома го освоија 75-от бод сезонава и го осигураа пласманот во Лигата на Шампиони следната сезона, додека Пескара математички не е отпадната во елитата, но таков пат се наоѓа.
OhridNews